АктуелноБоксОстанато

Ален Рустемовски најдобар боксер на „Гранд при Загреб“, златен медал и за Наум Стојаноски

Ален Рустемовски и Наум Стојановски освоија златни медали на Меѓународниот бокс турнир „Гранд при Загреб“ – Меморијал „Јосип Јовиќ“, а Рустемовски Рустемовски е прогласен за најдобар боксер на турнирот.

Рустемовски одлично ја водеше борбата против еден од најдобрите хрватски боксери Виде Пркачин, а во третата рунда го прати во нокдаун на 30 секунди до крајот. Ален се обиде да ја заврши работата пре последниот удар во гонгот, но немаше врееме.

Наум Стојановски добро боксираше. Во првата рунда борбата беше изедначена, во втората продолжи со истото темпо и по еден удар му беше повредена левата аркада на Италијанецот, по лекарската интервенција мечот беше прекинат.

Реџеп Реџеповски, Наум Стојаноски и Ален Рустемовски

Резултати:

-60 кг
Ален Рустемовски – Тине Јакомини (Словенија) 5-0 ТКО Р3 полуфинале
Финале
Ален Рустемовски – Виде Пркачин (Хрватска) 5-0

-70 кг
Наум Стојаноски – Марио Крлук (Хрватска) 3-2
Финале
Наум Стојаноски – Финале Франческо ди Спацио (Италија) 5-0 ТКО (лекарски прекин) Р2

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON