Домашна сценаКик бокс

Задоволство во Самурај по двете злата и среброто на Балканското кик бокс првенство

На Балканското првенство во кик бокс во Нови Сад, Србија, репрезентативците од Самурај освоија два златни и еден сребрен медал. Од клубот изарзуваат задоволство од успехот на нивните репрезентативци.

Ќе потсетиме дека медалите ги освоија сениорите Дамјана Пеовска и Леа Бошевска, сребрен и златен, и Мила Мартинез Китановска се закити со злато.

„Горди сме на нашите репрезентативки кои покажаа добра форма и борби. Ова е само вовед за она што следува до крајот на годината“, велат од Самурај, при што укажаа на патот до одличјата:

„Во сениорска конкуренција до 70 кг Дамјана Пеовска во дисциплината кик лајт по тешка и неизвесна борба загуби во финалето од српската натпреварувачка Јелена Седоглавиќ и го освои сребрениот медал.

Во категорија до 60 кг, Мила Мартинез Крстиновска во финале се соочи со Горјана Николоска, исто така членка на македонскиот национален тим. Борбата заврши со прекин, а Крстиновска извојува победа и се закити со златен медал.

Леа Бошевска во категорија до 50 кг во дисциплината кик лајт имаше импресивен настап. Во полуфиналето таа со целосна доминација во сите три рунди ја совлада бугарската репрезентативка Марија Јанева и обезбеди пласман во финале. Во финалната борба, Бошевска се соочи со српската репрезентативка Лидија Абазовски и повторно прикажа супериорна форма, што доведе до прекин во третата рунда.

Со оваа победа, Леа Бошевска стана балкански првак во својата категорија, а беше прогласена и за најдобар борец во сениорска конкуренција, добивајќи посебно признание и пехар со посвета“.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON