АктуелноБоксПрофесионален
Верховен за Усик: Ако има реванш, ќе го изненадам

Поранешниот шампион во тешка категорија на „Глори“ Рико Верховен од Холандија изрази увереност дека може да има уште еден успешен настап во реваншот со непоразениот 39-годишен поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија, Украинецот Александар Усик.
„Не зависи од мене со кого ќе се борам следниот пат. Од организаторите зависи. Со кого сакаат да се борам? Подготвен сум да се борам со секого.
Дефинитивно го удирав во различни делови од телото. Не доволно силно за да го спречам да продолжи, но ги почувствува следниот ден. Покажав само мал дел од мојот арсенал. Постојат многу начини да се победи Усик. Реваншот повторно ќе биде изненадување за него“, изјави Верховен, цитиран од Скај спорт.



