АктуелноБорењеОстанато

Борачите на „Спартак“-Кочани со одличен настап на меѓународен турнир во Пловдив, сребро за Никола Пешев

Борачкиот клуб „Спартак“ – Кочани успешно настапи на силен меѓународен турнир во Пловдив, Бугарија, каде учество зедоа повеќе од 320 натпреварувачи од Грција, Бугарија, Молдавија, Турција и Македонија.

Клубот беше претставен од тројцата натпреварувачи Давид Златков, Максим Арсов и Никола Пешев, кои со своите настапи покажаа висок степен на подготвеност, дисциплина и борбеност.

Најголем успех оствари Никола Пешев, кој по неколку одлични борби го освои второто место во својата категорија и се закити со сребрен медал.

Од клубот изразија задоволство од настапот на своите борачи, нагласувајќи дека ваквите резултати се плод на континуирана работа, посветеност и упорност.

„Честитки за Давид Златков, Максим Арсов и Никола Пешев, како и за тренерскиот тим и сите кои придонесуваат за успесите на БК„Спартак“ на домашната и меѓународната сцена“, соопштија од БК „Спартак“ – Кочани.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON