
Јован Илиев од БК Спартак освои бронзен медал на 30. Меѓународен меморијален турнир во борење грчко-римски стил „Васил и Ѓорги Илиеви“ што се одржа во Ќустендил, Бугарија.
Во силна конкуренција борачите на кочански Спартак освоија трето и петто место. Илиев во категоријата до 65 килограми го освои бронзениот медал, додека Даријан Павлев во категоријата до 71 килограм заврши како петти.

Од Спартак се задоволни од настапите на своите борачи, во споредба со големата конкуренција и тоа што во една категорија се натпреваруваа над десет квалитетни борачи.

Кочанските борачи ги предводеа тренерите Зоран Сребренов и Гоце Ангелов, додека судијата Игор Христов ја делеше правдата на душекот.



