АктуелноДомашна сценаКарате

Карате репрезентацијата ги започна подготовките во Хрватска за ЕП

Македонската карате репрезентација во борби, во комплетен состав, ги започна подготовките за Европско првенство во Франкфур, Германија, од 20 до 24 мај. во Прелог, Хрватска, каде нашите репрезентативци тренираат заедно со хрватската селекција.

Како што истакнуваат од Карате федерацијата на Македонија (КФМ), ова е првата фаза од подготовките.

„Во текот на овој подготвителен период, фокусот е ставен на унапредување на техничко-тактичките елементи, како и на подигнување на натпреварувачката форма на највисоко ниво.

По завршувањето на заедничките подготовки, репрезентацијата ќе се повлече во својата база во Катланово, каде ќе ги одработи финалните тренинзи пред заминувањето за Европското првенство.

Со максимална посветеност и силен тимски дух, нашите каратисти се подготвени достоинствено да ја претставуваат Македонија на европската сцена“, истакнуваат од КФМ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON