АктуелноМеѓународна сценаММА

Конор Мек Грегор редовно се подложува на допинг тестови пред враќањето во УФЦ

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Конор Мек Грегор, продолжува со подготовките за долгоочекуваното враќање во октагонот, а воедно е подложен и на интензивна антидопинг програма.

Според информациите од Чемпионшип раундс, 37-годишниот Ирец бил тестиран 12 пати во последните пет месеци како дел од неговата редовна допинг контрола пред враќањето во УФЦ.

Фреквенцијата на проверките околу Мек Грегор привлекува сериозно внимание, додека тој се подготвува за првата борба по долго отсуство од спортот.

Интересен факт е дека најчесто тестираниот борец во УФЦ во изминатата година е поранешниот шампион во бантам категорија, Мераб Двалишвили, кој поминал 14 допинг тестови во рок од една година.

Се очекува Конор Мек Грегор официјално да се врати на УФЦ 329 во Лас Вегас, каде што ќе се соочи со Макс Холовеј во еден од најочекуваните реванши во организацијата.

Борбата веќе предизвикува огромен интерес кај фановите, а подготовката на Мек Грегор е под постојан надзор и од спортска и од антидопинг перспектива.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON