Волкановски: Штом Гејџи се отвори против Топурија, борбата ќе заврши

Шампионот во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, ја прогнозираше претстојната борба меѓу Илија Топурија и Џастин Гејџи, велејќи дека Американецот ќе има сериозни проблеми во првата сериозна размена.
Волкановски верува дека стилот на Гејџи би можел да се покаже како исклучително опасен против борец како Топурија, кој знае како да казни секоја грешка.
„Откако Гејџи ќе се отвори, играта е завршена. Тоа ќе се случи штом тој ќе се отвори, и дефинитивно ќе се случи порано или подоцна“, рече Волкановски.
Сепакј, Австралијанецот со македонско потекло признава дека ако Гејџи пристапи повнимателно, борбата би можела да трае малку подолго.
„Ако Џастин Гејџи се бори дефанзивно, можеби ќе видиме втора или трета рунда. Но, во моментот кога ќе се отвори, тоа е крајот“, додаде шампионот.
Борбата меѓу Топурија и Гејџи ќе биде главниот настан на историската гала вечер на УФЦ, која ќе се одржи на 14 јуни во специјално изградена арена на теренот на Белата куќа во Вашингтон.
Илија Топурија влегува во борбата како актуелен шампион во лесна категорија, додека Гејџи ќе се бори за можноста да го земе појасот.
Прогонзата на Волкановски привлекува дополнително внимание и поради историјата меѓу него и Топурија – во 2024 година, шпанско-грузискиот борец го нокаутираше и оттогаш продолжува да се етаблира како една од најопасните фигури во УФЦ.



