АктуелноОстанатоТаеквондо

Македонски триумф во традиционално таеквондо на „Гран при Српски сокол“ во Зворник

​Македонската традиционална таеквондо федерација се враќа со висок сјај од престижниот Меѓународен турнир „Гранд при Српски сокол“ во Зворник, Босна и Херцеговина. Во конкуренција на над 350 натпреварувачи од 10 европски земји, нашиот тим од 17 натпреварувачи освои 17 медали – 5 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, додека Миа Танеска доби пехар за најдобра кадетка.

Резултати по клубови:

Хва ранг ИТФ – Лескоец: – 4 златни, 1 сребрен и 4 бронзени и 1 пехар.

​Миа Танеска – злато – спаринг борби кадетки (+50кг); злато – форми црвен појас кадетки и пехар за најдобра кадетка на турнирот;
​Теодора Тодороска – злато – форми зелен појас младинки У-18; бронза – спаринг борби младинки У-18 (-60кг);
​Анастасија Чулческа – злато – форми син појас, младинки У-18; бронза – спаринг борби младинки У-18 (-65кг);
​Софија Колушоска – бронза — форми црн појас И дан, младинки У-18;
​Тара Наумоска – сребро — спаринг борби девојчиња 8-10 години (+45 кг);
​Еми Еми – бронза — спаринг борби девојчиња 8-10 години (-30кг);

Гебек – Ресен – 1-1- 2

​Медина Мусиќ – злато – форми жолт појас јуниорки;
​Марија Тунтевска – сребро – спаринг борби јуниорки (+64кг)
​Владимир Димитриевиќ – бронза – спаринг борби сениори 18-34 години (-78 кг);
​Димитар Андоновски – бронза – форми жолт појас кадети;

Сонкал – Мислешево, Струга 0-3-1

​Кристијан Гагалески – сребро — спаринг борби деца 8-10 години (-30кг)
бронза — форми жолт виши појас деца 8-10 години
​Павел Ѓикоски – сребро — спаринг борби деца 8-10 години (-45кг)
​Максим Шулески  – сребро — форми жолт појас деца 8-10 години

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON