АктуелноДомашна сценаКарате

Завршни подготовки на универзитетската карате репрезентација пред Светското првенство во Бразилија

Македонската универзитетска карате репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13 јуни ќе се одржи во Бразилија, Бразил, во организација на ФИСУ. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.

„Нашите каратисти во изминатиот период работеа интензивно на техничко-тактичка подготовка, физичка кондиција и психолошка стабилност, со цел достојно да ги претстават македонските универзитети и државата на највисокото светско студентско ниво. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, а спортистите покажуваат висока мотивираност и подготвеност за предизвиците што ги носи светската конкуренција. Настапот во Бразилија претставува можност за афирмација на македонското универзитетско карате и стекнување драгоцено меѓународно искуство“, изјави селекторот на универзитетската репрезентација Бошко Заборски.

Очекувањата се македонските претставници да настапат борбено, дисциплинирано и со максимално залагање на татамито, следејќи ги највисоките стандарди на светското карате. Спортистите имаат одлично расположение и покажуваат добра спортска форма за настап на најелитниот натпревар за оваа година.

Светското универзитетско првенство се одржува на секои две години.

Натпреварите ќе се одвиваат според правилата на Светската карате федерација (ВКФ), а конкуренцијата ќе биде составена од најдобрите студентски каратисти од сите континенти.

На подготовките присуствуваат следните спортисти.

      1. Рудина Алиу -55 кг  ​​ Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје
      2. Јована Мицовска -61 кг  ​​Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
      3. Викторија Јовановска -61 кг  ​Универзитет за туризам  – Скопје
      4. Греса Мустафиу +68 кг ​​ Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје
      5. Вукашин Јовановиќ -67 кг Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
      6. Љупче Михајлов -75 кг Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
      7. Данило Божовиќ -84 кг ​​ Универзитет „Св Кирил и Методиј“
      8. Стефан Стојановиќ +84 кг ​​ Универзитет за туризам – Скопје
      9. Витомир Трајковски екипа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

    10. Реџеп Рушити -84 кг Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје

    11.Бошко Заборски – селектор на македонската репрезентација
    12.Иван Тиосавлевиќ – кондициски тренер
    13.Петар Заборски – тренер на македонската репрезентација

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON