Миа Танеска беше на чекор до медал на ЕП во традиционално таеквондо

Вториот ден на Европското првенство 2026 во Хераклион на Крит, Грција, донесе нови настапи за нашите натпреварувачи.
Теодора Митреска настапи во категорија форми – сениори (18–34 години), црн појас ( И дан), каде што по добра изведба беше елиминирана од претставничката на Шпанија.
Миа Танеска се натпреваруваше во категорија борби, девојчиња 11–13 години (+65 кг). Во исклучително тесна и неизвесна борба, која се решаваше во екстра третата рунда, таа беше поразена во четвртфиналето со разлика од само 1 бод од претставничката на Шпанија. Со овој пораз, Миа остана на чекор до полуфинале и освојување на својот прв европски медал.

„Ова е второ четвртфинале за нашите натпреварувачи – уште една потврда дека сме блиску до освојување медал“, вели селекторот Марјанчо Лазаревски..
Денес настапуваат:
Христијана Парулеска (борби, јуниорки 16–17 години, -58 кг) на ринг 4
Климент Богоески (борби, јуниори 16–17 години, -57 кг) на ринг 6



