Нов голем успех на Катерина Ацевска – бронза на Гранд при Париз опен

Катерина Ацевска на престижниот сениорски џиу џицу турнир Гранд при Париз опен освои бронзен медал. Ова е нов голем успех на Ацевска која постепено го зацврстува своето место во светската елита, а на Македонија постојано и носи радости.

Конкуренцијата беше исклучително тешка.
И покрај повредата на зглобот од ногата во првата борба Катерина се бореше и се избори за бронзениот медал.

Првото место во категоријата над 70 килограмо во џиу џицу фајтинг го освои Французинката Ширли Дорт, втора е Вила фриче од Германија, а бронзите се за Катерина Ацевска и Шарлин Огри од Франција.

„Можевме повеќе, можевме до финале. Германката што ја победи Кате не освои медал, заврши на 6-тото место.
После повредата прашање беше дали Кате ќе продолжи со борбите. Сепак, француските доктори реагираа брзо и професионално, ногата на Кате беше бандажирана и таа одлучи да продолжи со борбите. Понатаму знаете што се случи. Задоволен сум од настапот. Најважно е дека Кате е добра. Освои злато во Италија, бронза на Европското првенство во Крит, злато во Словенија, злато во Бања Лука, еве денес бронза во Париз. Одиме сигурно кон Светското првенство во Рим. Им благодарам на сите за поддршката, а посебно на мојата матична федерација и на Министерството за спорт“, изјави селекторот Александар Ацевски.
Резултати:
Катерина Ацевска – Лота Сандер (Германија) 3-11
Двојна елиминација три
Катерина Ацевска – Ема Шварценбарт (Австрија) 19-7
За бронза
Катерина Ацевска – Лаура Хермансен (Данска) 21-10



