АктуелноКаратеПремиер лига

Вероника Костовска беше на чекор до врвот, Викторија Јовановска со две победи на Карате 1 Серија во Ла Коруња

Каратистите денес покажаа дека знаат да победуваат и малку недостасуваше да се замешаат во борбата за медали на Карате 1 Серија А во Ла Коруња, Шпанија.

Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм имаше три убедливи победи, а во четвртата која ја носеше во четвртфиналето загуби од Германката Дуа Рабхи 3-8. Викторија Јовановска забележа две победи и таа не се пласира во четвртфиналето, а Реџеп Рушити една.

Има време пред Европското првенство во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај, да се темпира формата и да се надеваме дека некој картист ќе ја израдува спортската јавност во нашата земја.

„Нашата натпреварувачка Вероника Костовска беше на чекор до борба за медал. За жал, беше стопирана од победник во пулот. Затоа, ќе кажеме добар настап, односно проверка пред Европското првенство. Очекуваме многу од неа во националниот дрес на ЕП во Франкфурт Германија. Таа и како капитен на женската екипа ќе има настап за тимот на Македонија“, вели нејзиниот тренер и селектор Александар Кузмановски и додава:

„Следуваат подготовки со силната репрезентација на Хрватска со Босна и Херцеговина на нивни терен. Потоа ќе следат и завршни подготовки во Скопје, па оттука се трга за Франкфурт. Со Господ напред, спортски е да се очекува медал од ова големо натпреварување каде ќе биде после сребрениот медал на Михаела Мишовска во 2024 год. Добро продолжување во низа на Карате клубот Олимпик и после тоа што го направи годинава Матеј Белистојански во Лимасол, Кипар, на ЕП во У-21 освојувајќи злато“.

Сигурно дека и останатите каратисти ќе дадат се од себе за да освојат медал, бидејќи имаат искуство и прикажаа добри борби на контролни турнири, а и се носители на одличја од ЕП.

Од друга страна, депресивна е одлуката на Извршниот одбор на Карате федерацијата каратистите сами да си плаќаат за настап во репрезентацијата.

Карате 1 Серија А:

– 61 кг
Вероника Костовска – Талија Елизабе Беке (Англија) 8-0
Вероника Костовска – Сара Шкријељ (Австрија)) 9-2
Вероника Костовска – Јоана-Елефетрија Лиску (Грција) 6-1
Вероника Костовска – Дуа Рабхи (Германија) 3-8

Јована Мицовска – Шамила Басајев (Англија) 3-6

-68 кг
Викторија Јовановска – Имане Валк (Холандија) 4-1
Викторија Јовановска – Мерие Вилануева Бехарано (Шпанија) 2-2
Викторија Јовановска – Ева Ливет (Франција) 2-4

– 75 кг
Петар Заборски-Педро Азеведо (Португалија) 6-9

-84 кг
Реџеп Рушити – Томас Пиерини (Франција) 2-0
Реџеп Рушити – Жозе Миранда (Португалија) 1-4

На овој турнир на Серија А настапуваат 1258 каратисти со 1173 натпреварувачки влезови од 83 држави.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON