Познат составот на репрезентацијата за 50.„Македонски бисер“ во Радовиш

Во сабота Радовиш ќе биде домаќин на јубилејниот 50. Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“, настан што со децении е симбол на традиција, шампионски дух и спортска гордост.
Стручно-тренерскиот тим на Боречката федерација на ги одреди борачите кои ќе настапат на турнирот, а тоа се:
57 кг Владимир Егоров (Балканец)
61 кг Бесир Алили (Лирија)
Мехмет Усинов (Бучим)
65 кг Арон Николов (Бучим)
Стефан Стојков (Балканец)
70 кг Мухамед Феруки (Лирија)
74 кг Расул Шапиев (Спартак)
Мухамед Вејсели (Лирија)
Арсим Бекировски (Студеничани)
79 кг Фати Вејсели (Лирија)
Трим Исмаили (Лирија)
Џихад Љатифи (Студеничани)
86 кг Ахмад Магомедов (Вардар)
Дарио Димитров (Балканец)
Реџеп Таири (Вардар)
92 кг Омер Мемеди (Лирија)
Адам Модосјан (Вардар)
125 кг Могамедгаџи Нуров (Вардар 1961)
Илија Атанасов (Бучим)
Медим Бислими (Лирија)
Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и БК Бучим, годинашниот турнир ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, како Бугарија, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Израел, Молдавија, Романија и репрезентацијата на Македонија.



