Промовирана монографијата „50 години Македонски бисер…“ од Славчо Тодоров

Во саботата во рамките на Меѓународниот турнир во борење „Макеоднски бисер“ во Радовиш беше промовирана книгата „50 години Македонски бисер/ БК „Бучим Јака“ Радовиш 30 години светски клупски шампиони“ од авторот Славчо Тодоров.

Авторот ги забележал сите резултати на „Македонски бисер“, сето тоа ислустрирајќи го со фотографии. Така, борењето добива уште еден документ како траен документ на еден од најуспешните спортови во нашата земја, а како никој друг спорт со неколку монографии во кои се забележани сите успеси на на нашите спортисти.

Тодоров многу не зборува, но затоа многу работи и твори. Остава траен белег во македонската публицистика со забележувањето и опишувањето на значајните успеси на македонското борење.

Честитки до Славчо Тодоров и да го збогатува книжниот фонд за македонскиот спорт.



