БоксПрофесионален

Рико Верховен сака реванш со Усик по контроверзното прекинување во Гиза

Рико Верховен не го криеше своето разочарување откако загуби од Aлександaр Усик во Гиза и призна дека останува незадоволен и од постапките на судијата и од судиските картички по борбата.

Холандскиот кикбоксер верува дека контролирал голем дел од борбата, особено во првиот дел, пред борбата да биде прекината на крајот од 11-тата рунда и победата да му биде доделена на Усик со технички нокаут.

По борбата, таборот на Верховен поднесе официјален протест, а тој самиот рече дека очекува барем признание на грешка.

„Ме гледаа низ дефанзивната призма на боксот. Тоа беше една од причините зошто поднесовме протест. Можат барем да кажат: „Рико, се извинуваме. Требаше да се справиме подобро. Направивме грешка“, рече Верховен во интервју за „Шоуто на Ариел Хелвани“.

Најголемата забелешка на Холанѓанецот беше поради контроверзното прекинување на секунди пред крајот на рундата. Судијата подоцна призна дека не го слушнал последното ѕвонче, нешто што Верховен рече дека директно влијаело на исходот од борбата.

„Да бидам искрен, јас заслужував да ја видам 12-тата рунда, а и публиката заслужуваше да ја види. Без оглед на резултатот“, рече тој.

Верховен ги доведе во прашање и официјалните резултати, велејќи дека верува оти освоил повеќе рунди отколку што судиите регистрирале.

И покрај разочарувањето, Холанѓанецот потврди дека сака реванш со Усик.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON