Тајсон Фјури ќе влезе во рингот на 1 август

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, треба да се врати на рингот на 1 август во Даблин, Ирска, една недела по враќањето на Ентони Џошуа, објави ДПА.
Џошуа (36) ќе се соочи со Албанецот Кристијан Пренга во Ријад на 25 јули за неговата прва борба по сообраќајната несреќа во Нигерија во која загинаа двајца негови тренери.
Двајцата британски тешкаши ќе ги искористат борбите за да се подготват за нивниот долгоочекуван судир во ноември.
Фјури објави видео на Инстаграм на кое се гледа како поранешниот светски шампион тренира во Тајланд, заедно со наслов: „Ајде да одиме на 1 август во Даблин, Ирска“.
Промотoрот Френк Ворен треба да организира борба меѓу Пирс О’Лири и Марк Чемберлен во 3 aрената во ирскиот главен град на истиот датум, а Фјури очигледно ќе настапи. Неговиот противник сè уште не е објавен, но Ворен го исклучи Енди Руиз, кој ја одзеде светската титула од Ентони Џошуа во 2019 година пред да го изгуби реваншот подоцна истата година.
Во април Тајсон Фјури се врати по 16-месечно отсуство за да забележи победа над Русинот Арсланбек Махмудов пред да го предизвика Џошуа, кој беше во публиката. Промотoрот на Џошуа, Еди Хeрн, подоцна рече: „Потпишано, запечатено, готово! Се случува мечот Еј Џеј – Фјури“.



