АктуелноДомашна сценаТаеквондо
Таеквондо клубот Бутел е прв, Корио втор, а Феникс трет на „Бутел опен 2026“

На Меѓународниот таеквондо турнир „Бутел опен 2026“ што се одржа во саботата Бутел е прв со 223 поени, Корио втор со 128 и Феникс трет со 126, објави Македонската таеквондо федерација.

Пласман на Бутел опен:
- ТК Бутел – 223 поени
- ТК Корио – 128 поени
- ТК Феникс – 126 поени
- ТК Младост – 118 поени
- ТК Кобра – 92 поени
- ТК Хваранг – 76 поени
- ТК Штип – 74 поени
- ТК Тигри – 33 поени
- ТК Сила – 27 поени
- ТК Те Макс – 23 поени
- ТК ГОДЕЛ – 19 поени
- ТК Поомсае – 3 поени

„ТК Бутел убедливо напред на одлично организираниот турнир Бутел Опен 2026.
ТК Бутел и МТФ имаа одлична организација на Бутел опен турнирот како дел од лига системот на МТФ. 350 натреварувачи уживаа во олимписко таеквондо“, истакнуваат од МТФ.



