Меѓународна сценаММА

Џим Милер го сака Конор Мек Грегор за неговата јубилејна серија во УФЦ

Џим Милер продолжува да ги побива сите прогнози. По уште една импресивна победа – овој пат со завршница над Џаред Гордон на УФЦ 328 – 42-годишниот ветеран јасно стави до знаење дека сè уште не е завршил со MMA.

По неговата 47-ма борба во УФЦ, Милер потпиша нов договор за уште пет борби, а негова голема цел е да достигне импресивни 50 борби во организацијата – подвиг што би можел да остане неспоредлив засекогаш.

„Се е од ден за ден“, рече Милер по неговата победа. „Постои реплика од еден многу познат професор – Хенри Џонс Јуниор, можеби го познавате како Индијана Џонс – не се годините тие што се бројат, туку милјите. А моето тело има многу милји“.

Американецот признава дека неговата долга кариера оставила белег, но внимателниот пристап кон тренингот му помага да избегне сериозни повреди.

„Сакам да стигнам до 50 борби. Не сакам да се случи ништо глупаво. Затоа тренирам со тимот во кој сум. Многу кариери завршуваат рано поради непотребни и спречливи повреди во сала. Сакам да стигнам до 50, а потоа мирно да се пензионирам“.

Иако никогаш не бил познат по тоа што им поставувал гласни предизвици на противниците, Милер призна дека сè уште има неколку борби од соништата пред крајот на кариерата. Претходно го спомена Џастин Гејџи како идеален противник за спектакуларна војна, но сега алудира на многу поголемо име.

„Кој и да е“, рече Милер за следниот противник. „За жал, мислам дека можеби ја скршив левата рака во тие четири минути. Но, слушнав дека има Ирец кој бара борба. Тоа би било забавно“.

Со „Ирецот“, Милер јасно се осврнува на Конор Мек Грегор. Поранешниот шампион во две категории продолжува да се подготвува за своето враќање, а претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна изјави дека очекува Мек Грегор да се бори „ова лето“. Шпекулациите се дека би можел да се соочи со Макс Холовеј на УФЦ 329 во јули, но сè уште нема официјален договор.

За Милер, борбата со Мек Грегор би бил огромен момент во неговата веќе богата кариера. Сепак, најважно за него е да достигне 50 борби здрав и да може да се пензионира со крената глава.

„Целта сега е само да стигнам до точка каде што сум задоволен од мојата кариера, а бројките ми се важни. Да, сакам да стигнам до 50 натпревари“, рече Милер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON