АктуелноМеѓународна сценаММА
Волкановски: Стерлинг има предност на средбата со Залал

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, го прогнозираше претстојниот меч меѓу Алџамејн Стерлинг и Јусеф Залал, кој ќе биде главен на УФЦ Фајт најт 274 во Лас Вегас.
„Навивам за Алџамејн затоа што се докажа многу пати. Тој е сè уште силен“, рече Волкановски.
Австралиецот очекува двобој одлучен од детали во различни аспекти на борбата: „Ќе видиме кој навистина може да ја искористи својата боречка интелигенција и кој има подобри вештини. Сè ќе се сведе на тоа кој е подобар на нозе, во борење и граплирање. Кој е подобар во сите тие работи“, додаде тој.
Судирот меѓу Стерлинг и Залал е главен настан на УФЦ Фајт најт 274, кој ќе се одржи вечерва во Лас Вегас.



