Расул Шапиев е петти на Европското првенство во борење, шеста титула за Садулаев

Расул Шапиев во репасажот во одлично издание совладувајќи го Грузиецот тариел Гаприндашвили со 10-1, а во борбата за бронзата со Џабраил Гаџиев од Азербејџан загуби со 0-8 на Европкото сениорско првенство во борење во Тирана, Албанија.
Владимир Егоров загуби во првото коло, а Могамедгаџи Нуров извојува пробеда, но во четвртфиналето загуби од Владислав Бајцаев од Унгарија. А Бајцаев се пласира во финалето Нуров ќе добие шанса во репасажот.

Доскорешниот репрезентативец на Македонија Шаќир Бислими на ова ЕП настапи за Косово и забележа победа и пораз. Славеше над Албин Пепоши од Албанија со 10-0, а загуби од Самуел Шерер од Швајцарија 12-2.
Сепак, најинтересно беше повторното враќање на душекот на Абдулрашид Садуалев, кој го оправда прекарот „Руски тенк“, бидејќи сите ги згази на патот до шесттата шампионска титула. Фо финалето со 14-3 го совлада Батирбек Цакулов од Словачка. Бронзите во ова категорија до 97 кг ги освоија Ахмед Адамович Магамаев од Бугарија и Гиви Мачаршвили од Грузија.
View this post on Instagram
Европско првенство:
61 кг
Владимир Егоров – Арсен Харутјунјан (Ерменија) 0-11
79 кг
Расул Шапиев – Махмедхабиб Каџимахамедау (неутрален) 1-4
Репасаж
Расул Шапиев – Тариел Гаприндашвили (Грузија) 10-1
За бронза
Расул Шапиев – Џабраил Гаџиев (Азербејџан) 0-8
125 кг
Могамедгаџи Нуров – Георге Ерхан (Молдавија) 2-2
Могамедгаџи Нуров – Владислав Бајцаев (Унгарија) 2-4



