Омер Мемеди (92 кг) го освои трофејот „Македонски бисер“, Расул Шапиев е најдобар домашен борач

Македонскиот борач Омер Мемеди (92 кг) го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50-турнир што денес се одржа во Радовиш.
Мемеди во финалето славеше против нашиот втор репрезентативец Адам Модосјан со резултат 15-15. Ова беше една од најатрактивните борби со многу пресврти. Кога се чиненеше дека Мемеди ја има победата 7-0, Модосјан се врати и поведе, а делириумот стигна во последните секунди, Адам направи мала грешка која го чиенеше 4 поени и сигурна победа, но и тренерот на Омер направи превид барајќи челинџ, но добро е што судиите не го уважија. Адам пред двба дена имал хирурши зафат на заб.

Ова е причина повеќе од идната година да се прогласува и „најборба“.

Расул Шапиев (79 кг) е прогласен за најдобар домашен борач, кој исто така беше конкурент за трофејот оти водеше извноредна борба во финалето водеше интересна борба со Молдавецот Мариус Ретко.
Раду Лефтер од Молдавија е прогласен за најдобар странски борач кој во финалето славеше над Омар Сарем од Романија.
Мора да се нагласи дека Молдавија настапи со силен состав.

Фати Вејсели водеше позициона и неизвесна борба во финалето со светскиот Василе Дијакон од Молдавија, но поради повреда и при минимално водство мораше да се откаже.

Мехмет Усинов (63 кг) ја дигна публиката на нозе во борбата за бронза со Габриеле Кондев од Бугарија. Брзи победи за бронза извојуваа и Реџеп Хајдари и Илија Атанасов.
Мора да се истакне дека организацијата беше беспрекорна, а со сето она што беше направено прилегаше на турнири од всисока светска класа.




